ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО VeritaAktash.com
Простор посветен на личниот, професионалниот и организацискиот развој.
__________
Ова е место каде што психологијата, организациската психологија, системските констелации и холистичкиот пристап се среќаваат во една интегрирана целина. Работам со поединци, парови, групи, лидери, тимови и организации, поддржувајќи ги да создадат промени кои се реални, одржливи и применливи во секојдневниот живот.
Преку индивидуални сесии, групни програми, работилници и организациски консултации, ги комбинирам современите психолошки пристапи со системското разбирање на човекот и организациите. Секој процес е единствен и се прилагодува на потребите на човекот, тимот или организацијата со кои работам.
Вистинската промена започнува таму каде што започнува разбирањето.
Затоа во мојата работа не се задржувам само на симптомите или на она што е видливо. Заедно ги истражуваме причините, животните обрасци, односите и системските динамики што стојат зад предизвиците. Кога ќе го разбереме нивното потекло, се создава простор за свесни одлуки, нови можности и трајна промена.
Без разлика дали барате личен развој, подобри односи, лидерски вештини, посилен тим или организациска трансформација, мојата цел е да создадам простор во кој ќе можете појасно да се разберете себеси, другите и системите на кои им припаѓате.
Бидејќи вистинската промена не започнува со ново разбирање.