Јасност за тоа каде сте. Фокус на тоа каде сакате да стигнете.
Индивидуалниот коучинг е стручен развоен процес за луѓе кои сакаат поголема јасност, свесност и конкретна промена во личниот или професионалниот живот.
Понекогаш знаеме дека нешто треба да се промени, но не сме сигурни или не знаеме како и што. Понекогаш целта е јасна, но начинот како да стигнеме до неа не е. А понекогаш повторуваме исти избори и обрасци и покрај тоа што знаеме дека повеќе не ни служат.
Во коучинг процесот работиме на она што е важно за вас сега , што сакате да постигнете, што ве ограничува и кои ресурси и можности можат да ве придвижат напред.
Преку структуриран разговор, рефлексија и конкретни развојни алатки, работиме на проширување на перспективата и препознавање на изборите кои можеби претходно не биле видливи.
Од увидот преминуваме кон јасни одлуки и конкретни чекори, така што промената не останува само на ниво на размислување, туку станува дел од начинот на кој дејствувате.
Што можете да добиете од коучинг процесот?
Поголема јасност за себе и своите цели. Подобро разбирање на сопствените реакции и обрасци. Посигурно донесување одлуки. Поголема лична одговорност и фокус. И пред сè, способност свесно да се движите кон она што навистина сакате да го создадете во вашиот живот или работа.